ТВ серии кои ќе се емитуваат ова лето

Две од најпопуларните ТВ серии во последниве години, Dexter и Breaking Bad своите последни сезони ќе ги емитуваат ова лето.

The Killing, Falling Skies, Magic City се враќаат со нови сезони, а нашиот преглед вклучува и неколку ТВ серии кои премиерно ќе се прикажуваат.

Додека во Македонија може да гледате само Венецуелски и Турски серии и по некоја стара сезона од оние кои се популарни во целиот свет, погледнете го нашиот избор од ТВ серии, кои ќе се емитуваат во САД за време на летниот период и ни привлекуваат најголемо внимание.

А доколку мислите дека сме пропуштиле некоја „добра“ серија закажана за ова лето, оставете коментар за да ни ја препорачате.

Arrested Development

Netflix, 26-ти мај, (комедија) – четврта сезона

[youtube]http://youtu.be/vzVhPCMAxWQ[/youtube]

 

Поминаа седум години откако ниско оценетата тв серија на Fox беше прекината – но издавањето на ДВД-то и видеата на интернет им понудија нови можности на фановите за откривање на оваа серија. Култот за “Arrested Development” на крајот се зголеми толку многу што Netfix се одлучи да ја обнови серијата за четвртата сезона, со што ги обедини повторно членовите од оригиналното шоу и додаде голем број на звезди во новата сезона.

Сите 15 епизоди ќе бидат пуштени одеднаш на 26 мај.

The Killing

AMC, 2-ри јуни, (драма/трилер) – трета сезона

[youtube]http://youtu.be/-RhgwydYWu0[/youtube]

 

Серијата The Killing ја прати истрагата за убиството на 17-годишната Роси Ларсен од агол на сите вклучени : полицијата, фамилијата и пријателите. Секоја од 13-те епизоди покрива еден ден од истрагата. Серијата е римејк на данската серија Forbrydelsen која се емитуваше во 2007 година.

Третата сезона започнува една година по случајот за Роси Ларсен, Стивен Холдер е во потрага по изгубена девојка и открива низа убиства поврзани со претходната истрага на Сара Линден. Линден, која не е повеќе детектив, мора да се врати на кариерата и на случајот што го оставила зад себе.

Трета сезона почнува на 2 јуни, недела, со двочасовна епизода.

Falling Skies

TNT, 9-ти јуни, (научна фантастика/акција/драма) – трета сезона

[youtube]http://youtu.be/ccjju0kocdM[/youtube]

 

Хит SF серијата на TNT се враќа со третата сезона на 6-ти јуни. Втората сезона заврши со пристигнувањето на нова раса вонземјани, кои се дојдени веројатно да им помогнат на Том Мејсон(Noah Wyle) и бунтовниците во борбата против „скинерите“ и нивните господари.

Doug Jones се приклучува на актерската екипа како лидер на новата раса, а повремена улога ќе има и Robert Sean Leonard (др. Џејмс Вилсон од House M.D.).

Magic City

Starz, 14 јуни, (драма/крими/мистерија) – втора сезона

[youtube]http://youtu.be/KBK8vQvGGc4[/youtube]

Откако Boss и Spartacus завршија, Starz ја враќа својата драма Magic City, прекрасна серија сместена во Мајами, во пресрет на Кубанската Револуција од 1959 година. Џефри Дин Морган е во улогата на Ајк Еванс, сопственик на популарен хотел и најекслузивното место во градот, кој е принуден да направи договор со мафијата за да го одржи својот бизнис во живот.

За втората сезона, серијата ја проширува својата екипа, вклучувајќи актери како Шерилин Фен, Есај Моралес, како и звездата од Кум, Џејмс Кан.

Текстот е објавен во соработка со МкКод

- Реклама -