Полициски екипи вршат претрес во куќата на Миленко Неделковски во скопското село Ржаничино, пренесува ТВ 21 од свои извори.
Како што известија македонските медиуми, нешто порано денеска новинарот бил приведен и однесен во полициска станица во Велес, според некои на службен разговор, а според други поради обвинителниот предлог од пред неколку дена што Миленко го доби за „ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“, а кој се однесува на неговиот Фејсбук статус во кој порача дека „ич не ги жали Грците“ што изгореа во пожарите во Атика, Грција, од јули годинава.
До моментов сé уште нема официјални детали за причините, но според денешниот Фејсбук статус во кој Миленко го најави своето апсење, полицијата имала „покана“, ама не и објаснување и некоја посериозна причина.
Во меѓувреме, од ТВ 21 велат дека нивната екипа е на терен и се очекуваат повеќе информации наскоро.