Туширање со топла или ладна вода?

Туширањето е основен дел од телесната хигена. Некој луѓе сакаат да се тушираат со топла, некои со ладна вода. Еве неколку начини како оваа секојдневна навика влијае на вашето здравје.

hg_alvensleben-woman-overhead-shower-royal2_730x411

Туширањето со топла вода
Туширањето со топла вода може да ги ублажи болките во мускулите. Пуштете ја топлата вода да тече низ рамената, вратот и грбот како би се ублажиле болките во овие делови од телото. Дел од истражувањата покажале дека туширањето со топла вода може да помогне во ослободување на окситоксин и го намалува стресот. Затоа, ако сте имале напорен и стресен ден истуширајте се со топла вода. Туширањето со топла вода исто така помага и во ублажување на симптомите при настинка и грип, како и искашлување и разредување на слузот.
Туширањето со ладна вода
Туширањето со ладна вода е добро за телото. Со барем 5 минути стоење под ладен туш можете да си ја вратите енергијата. На тој начин веднаш ќе ја регулирате телесната температура, ќе го намалите уморот и ќе ја зголемите концентрацијата. Истражувањата покажале дека туширањето со ладна вода, во период од 2 до 3 минути, можат да ги ублажат симптомите на депресија. Освен тоа добро е и за вашата коса и кожа. Топлата вода може да ја исуши кожата и косата, а додека ладната помага за хидратација и превенција од оштетување на врвовите на косата.
Совет
Намалете го временскиот период на туширање. Дневно туширајте се околу 3 минути, никако подолго, а температурата на водата не треба да надминува 35 степени. Најдобра комбинација е топло- ладно. Ако веќе не можете цело време да се туширате само со ладна вода, изненадете го телото барем еднаш со ладен млаз – на тој начин ќе ја поттикнете циркулацијата.

- Реклама -