Турција преговара за членство во ЕУ – преговорите забрзани

Турција ќе и помогне на Европската Унија за справување со миграциониот поток во замена за финансиска поддршка и рестарт на разговорите за пристапување кон ЕУ. Ова се наведува во предлогот, кој се очекува да биде усвоен по преговорите на лидерите од ЕУ и Турција заради миграциската криза.

BASBAKAN AHMET DAVUTOGLU ILE ALMANYA BASBAKANI ANGELA MERKEL, DOLMABAHCE'DEKI BASBAKANLIK OFISI'NDE GORUSTU. (ISTANBUL-DHA)

Турција ќе отвори ново поглавје во декември, а во првиот квартал на 2016 година ќе бидат подготвени за преговори нови поглавја .

Во предлогот се истакнува дека од октомври 2016 година турските граѓани ќе можат да патуваат без визи во Европа, но условот за тоа е примената на принципите од договорениот план за акција за надминување на миграциската криза, објави турската приватна телевизија CNN Turk. Според последните информации сепак позициите на ЕУ и Турција за големината и рокот на доставување на финансиската помош на Анкара за решавање на бегалската криза силно се разликуваат.

Прочитајте и:  Стано: Нападот со интерконтинентална ракета врз Украина е сигнал дека Путин не е подготвен за мир

За бегалците во Турција земјата бара да бидат обезбедени три милијарди евра, а понатаму ако е потребно, оваа сума да биде зголемена.

- Реклама -