Турново пропушти шанса да го елиминира Хајдук

Хоризонт Турново чесно се збогуваше од фудбалска европа, македонскиот претставник имаше доволно шанси и за сензација, но на крајот Хајдук беше тимот кој се радуваше.

На Арената Филип Втори, Хоризонт Турново и Хајдук одиграа без победник 1-1, хрватскиот претставник со вкупни 3-2 оди понатаму.

Натпреварот започна со голем гест на гостинските фудбалери кои истакнаа транспарент во чест на жртвите од земјотресот во Скопје.

Вистинските возбудувања на теренот се случуваа во второто полувреме.

Резултатот беше отворен во 60. минута, лоша интервенција на одбраната на Турново, Цакташ се прошета и ја смести топката во мрежата.

Хоризонт Турново брзо се врати, во 70. минута нововлезениот Сашко Пандев постигна гол за израмнување на 1-1.

Следуваа две фантастични шанси на Блажевски, најпрво по одлично проигрување се најде сам пред гостинскиот голман но не успеа да реализира.

За кратко време Блажевски уште еднаш на сличен начин пропушти да го однесе натпреварот во продолженија.

На крајот Хајдук заслужено се радуваше на пласманот во следната фаза, но и Турново сосема достојно се прости од Европа.

Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал

- Реклама -