Црвен картон за судијата

red-card[1]

Аргентински фудбал: Судијата покажува црвен картон, и само неколку моменти подоцна му влетува навивач со пиштол и го застрелува (48-годишниот судија Цезар Флорес) три пати, еднаш во главата, еднаш во градите и во вратот.

Застрелан е и уште еден играч во градите, 25-годишниот Валтер Зарате, но се опоравува и ќе преживее.

Инцидентот се случи на Campo de la Bribera во Кордоба, Аргентина, во неделата, кога маж втрча на теренот со ранец, од кој го извади пиштолот и го уби судијата, додека натпреварот беше во тек.

Непознатиот напаѓач е сé уште во бегство.

- Реклама -