Цртањето часовник е добар тест за деменција

Не знаете да нацртате часовник? Време е да се јавите на лекар.

Скицата на круг и погрешно поставени броеви на часовникот можат да покажат до која мера деменцијата влијае на мозокот.

Професорот Греам Стокс, како и многу други експерти во полето, смета дека ова е една од најверодостојните алатки за утврдување на дијагноза. Вели дека тестот е доследен во 85% од случаите.

Тестот се базира на сеќавањето на пациентите околу тоа како изгледа часовникот, т.е. врз вештината на извршните функции кои ни овозможуваат да планираме, организираме и извршуваме задачи, додава доктор Тим Бинленд од Друштвото за Алцхајмерова болест.

Пациентите цртаат круг и ги впишуваат броевите од 1 до 12 со цел кругот да добие лик на часовник. Потоа треба да ги нацртаат стрелките, но така што да покажуваат конкретно време.

„Ова е веќе процес, бидејќи бара да се сетите како се црта круг, како броевите, а како да го покажете бараното време“, наведува Стокс.

Болните од деменција не само што не умеат прецизно да го нацртаат она што од нив се бара, туку изразито ја игнорираат левата страна и визуелно ја запоставуваат.

„Десната страна на мозокот ја контролира активноста на левата. Тоа објаснува зошто левиот дел од часовникот останува непополнет“, додава Бинленд. Тој смета дека болните од деменција паѓаат на тестов затоа што мозочните клетки на нивната десна страна на мозокот останале без кислород и се умрени, можеби како последица на мозочен удар.

Сепак, врз тестот можат да имаат влијание и други фактори, па Бинленд истакнува дека за веродостојна дијагноза треба да им го препуштите на стручни лица. Што не значи дека не смее да го пробате.

- Реклама -