Градежна компанија беше подложена на критики во Црна Гора, откако одлучи да претвори концентрационен логор, во луксузен хотел.
Локалниот парламент дал одобрение за изградба на Mamula Resort со локација на црногорски остров, и покрај фактот што семејствата на луѓето кои биле затворени таму за време на Втората светска војна категорично застанале против изградбата. Името на островот е Ластавица, а во втората светска војна италијанскиот диктатор Бенито Мусолини прави таму концентрационен логор, каде што затворениците биле измачувани до смрт.
Од 2.300-те лица кои дошле таму во периодот 1942 – 1943 година, 130 биле убиени или почнале од глад.
Едни од најпознатите прекрасни хотели во светот претставуваат стари згради кои се користат на нов начин. Mamula Resort сепак ќе биде првиот концентрационен логор, претворен во хотел.