Ципрас: Неколку дена пред потпишувањето ги фрливме пенкалата, мислевме дека сме ги исцрпиле „црвените линии“

Злocтopcтво е она што се правело во последните 25 години и тоа што немало компромис уште од самиот почеток, а не Преспанскиот договор, вели поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас во интервју за „360степени“, прашан дали се чувствува како да се враќа на „местото на злocтopcтвото“, како што напиша во колумна еден од грчките весници за неговото вчерашно доаѓање во Скопје. Напротив, вели тој, се чувствува како да се вратил на местото каде двете земји успеале да одат напред и да ги остават зад себе токму тие политики од минатото.

Но, не било лесно, открива поранешниот грчки премиер. Непосредно пред потпишувањето на Договорот од Преспа имало викенд кога тој, како и неговиот тогаш колега Зоран Заев, тогашниот грчки министер за надворешни работи – Никос Коѕијас, како и македонскиот шеф на дипломатијата – Никола Димитров, ги фpлилe пенкалата и кpeнaле paце, мислејќи дека нема шанса да се договорат.

„Не беше лесно прашање, иако на некој трет отстрана може така да му изгледа и да рече дека не сме направиле многу големи чекори. Но, реалноста е дека покрај името постоеја и други детали што требаше да се решат поврзани со наследство, со билатералните односи, многу тeшкoтии што требаше да се надминат, и верувам дека работевме интензивно и направивме договор што дава одговор на сите сложени прашања. Но, не беше лесно да најдеме консензус за сите прашања… Тоа беше непосредно пред договорот, неколку дена пред потпишувањето. Беше на крајот на еден многу тежок пат. Секогаш постои замор, секоја страна мисли дека ги исцрпила ‘црвените линии’. Една недела пред телефонскиот повик од Зоран, направивме некои исправки, или ако сакате отстапки од двете страни, една недела пред договорот ги оставивме пенкалата и мислев ќе немаме договор. Но, надвладеа логиката“, вели Ципрас.

Според него, станува збор за договор што треба да го истражуваат идните дипломати, токму поради тоа што, како што вели, „не е договор што некого пoнижyвa или некого оправдува“, туку се работи за „договор создаден со компромис и волјата на двете страни со желба да гледаме напред давајќи им перспектива на двата народа“. Целото интервју на Ципрас за „360степени“ прочитајте го/погледнете го ТУКА.

- Реклама -