Топ 5 храни кои им го должат своето име и слава на името и славата на некој човек.
1. Чајот Ерл Греј
Ерл Греј и пандишпанот Викторија, се најомилената храна во Велика Британија крстени по историски личности. Името на чајот се должи на грофот Чарлс Греј (1764-1845), британски премиер во 30-тите години на 19 век. Тој толку сакал да пие чај и уживал во специфичниот вкус од портокал, па за да биде запаметен го овековечил под името Ерл Греј. Погледнете за каков чај се работи на следниот ЛИНК.
2. Торта од пандишпан – Викторија
Како дете, кралицата Викторија не смеела често да јаде слатки работи. Како кралица, сепак, случајот бил малку поинаков: Секоја недела во сите нејзини резиденции добивала пратка од Бакингемската палата, која вклучувала: 16 чоколадни печурки, 12 обични печурки, 16 бисквити, една кутија со вафли, една и пол десетина рамни бисквити и една пандишпанова торта. Оваа торта била толку вкусна што го добила името на кралицата која владеела 63 години.
3. Јајца Бенедикт
Не е толку чудно што овие чудотворни јајца имаат историја започната од една долга ноќ надвор. Случувањата започнале во 1894 година, кога во Њујорк, Лемуел Бенедикт се сместил во хотел и нарачал кифла со фил по избор на готвачот. Келнерот сепак ја згрешил нарачката и испорачал тост, јајца на око, сланина и сос Холандес. Кога Бенедикт го видел сето ова направил скандал, но откако го пробал предложеното јадење, решил дека тоа треба да го носи неговото име. До денес оваа храна останува еден од најдобрите лекови против мамурлак и еден од најпознатите појадоци.
4. Салата Цезар
Салатата е измислена од Цезар Кардини, вработен во мексикански ресторан во Тихуана.
Прочитај повеќе: Зошто „Цезар салатата“ се вика токму така?
5. Пица Маргарита
На едно патување до Неапол во 1889 година, на кралицата Маргарита Савој, и била послужена оваа пица направена само со домати, босилок и моцарела, за да се претстават боите на италијанското знаме.
Прочитај повеќе: Кој ја направил вегетата?
Прочитај повеќе: Неверојатна приказна за настанувањето на мајонезот