Вегетата е зачин без кој тешко може да се замисли храната, но дали знаете од која Балканска земја доаѓа истата?
Злата Бартл – Тета вегета (1920-2008) била босанско-хрватска научница, прочуена како творец на универзалниот зачин, кој за прв пат го произведувала фабриката „Подравка“ од Копривница.
Злата Бартл е родена на 20 февруари 1920 година во Сараево, каде завршила основно училиште и гимназија. Потоа заминала на студии во Загреб каде што дипломирала хемија, физика, математика и минерологија.
По дипломирањето Злата, се вработила како проф. по филозофија во средно училиште во Сараево. По игра на случајноста во 1955 година, во текот на службена должност во Загреб, паднало многу снег, па сите патишта биле блокирани за враќање назад кон Сараево.
Минувајќи некое време во Загреб, таа решила да пронајде работа. Поднела оглас во Подравка, барајќи работа како хемиски техничар и набрзо добила повратен одговор.
Во 1956 година заминала за Копривница каде започнала со истражувачка работа. Во лабораторијата на Подравка продолжила да истражува, па на нејзина иницијатива во 1957 година, започнува производтвото на дехидратизирана супа, а во 1959 година и производството на популарната Вегета.
Злата Бартл добила неколку награди за животно дело.
Починала на 30. јули 2008 година во Копривница.