Целосно затемнување на Сонцето над Северна Америка на 8 април

 Целосно затемнување на Сонцето, поточно совршено порамнување на Земјата, Месечината и Сонцето во права линија, ќе се случи на 8 април и ќе биде видливо од Северна Америка. Затемнувањето ќе трае четири и пол минути, а ќе може да се гледа и на страницата и на Јутјуб-каналот на американската Национална воздушно-вселенска администрација (НАСА).
– Целосното затемнување на Сонцето е една од најубавите глетки во природата и веројатно е ретка појава каде било во галаксијата, вели Крис Линтот – професор по Астрофизика на Универзитетот Оксфорд.
За разлика од делумното, целосното помрачување го покрива скоро целиот Сончев диск, освен оној светлечки „прстен“, или „круната“, т.е. слојот гасови што се наоѓа веднаш над површината на нашата ѕвезда.
Научниците од НАСА се особено заинтересирани за можните нови сознанија за Сончевата „круна“ коишто може да се добијат со помош на авиони-истражувачи на висина од околу 15 километри за време на затемнувањето. Таа фамозна „круна“ е мистерија за научниците бидејќи е стотици пати потопла од површината на Сонцето и е извор на Сончевиот ветар.
Целосната еклипса, исто така, го затемнува небото како да е ноќ. Се очекува стотици граѓани да учествуваат во следењето на оваа појава над Канада, САД и Мексико. Ова затемнување е невообичаено бидејќи, иако се случува на истото место еднаш во секои 375 години, во американската сојузна држава Илиноис помрачување ќе биде видливо по вторпат за само седум години.  

Извор