Вкусен оброк за вреден подарок е новата кампања на Рамстор Мол која е наменета за сите посетители во одделот за брза храна во трговскиот центар.
Со почеток на 1ви Јули па се до крајот на месецот, посетителите на одделот за брза храна во Рамстор Мол, покрај вкусниот оброк добиваат можност за подароци – апарати за домаќинство.
Механизмот на кампањата предвидува креативен предизвик за гурманите преку одговарање на прашањето ,,Што е за вас храната,,? Најкреативните одговори ќе бидат селектирани секој ден, а задоволните и креативни гурмани ќе имаат можност да си заминат дома со еден од многубројните апарати за домаќинство, кои трговскиот центар ги обезбеди за оваа кампања. Почетокот на кампањата ,,Вкусен оброк за вреден подарок,, – 1ви Јули се совпаѓа со светскиот ден на реге културата и по тој повод, присутните ќе добијат двојна забава: почеток на одлична кампања и реге забава со познат DJ со почеток од 13 часот во делот за брза храна.
Ни претстои вкусен, креативен и забавен месец во Рамстор.