Дизајнерското студио Original Content London пронашло начин како да го врати звукот на коњите (и Монти Пајтон) со овој додаток кој се поставува на предниот дел на велосипедот.
Како што вртите со педалите, звукот на коњ што галопира ќе се слуша во далечината, па така сите ќе знаат дека коњаницата пристигнува. Компанијата има за цел да произведе 1000, а цената за еден Trotify додаток за велосипед е околу 1800 денари + поштарина.
[youtube]https://www.youtube.com/watch?v=cfyC6NJqt2o[/youtube]
Има ли кандидати во Македонија за Trotify? Испораката ќе започне во март 2013. Очекуваме да видиме едно вакво на пролет на скопските улици. На дружината од #НаТочак би требало да им се допадне. [Trotify]