Летово апсолутен хит меѓу модните зависници се тропските принтови, кои со разиграното шаренило создаваат опуштен изглед и добро расположение.
Во замената на долгите ракави и дебелите фармерки со облека во лесни летни материјали, обидете се да вметнете барем неколку парчиња со тропски принт. На врвот на листата нека ви бидат кратките шорцеви со висок струк во ведри бои, долгите фустани без прерамки, како и модните додатоци во сите варијанти.
Иако комбинирањето на облека со овој смел дизајн може да изгледа проблематично, нема потреба да се плашите од експериментите. Облеката со тропски принтови носете ја со едноставни парчиња, како и еднобојни сандали и чанти.
Бидете штедливи со модните додатоци кога носите тропски принт. Ставете нежен прстен, цвет во косата или корална алка и спремни сте за дневна прошетка.