Home Астал Тројката и четворката ѝ носат повеќе од половина од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ изедначени во петката

Тројката и четворката ѝ носат повеќе од половина од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ изедначени во петката

0
Тројката и четворката ѝ носат повеќе од половина од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ изедначени во петката

Од Изборната единица 3 и Изборната единица 4 ВМРО-ДПМНЕ, според досега обработените гласови, би имала 27 пратеници, од вкупно 58 колку што проектира симулацијата на Државната изборна комисија (ДИК)

Во петтата изборна единица СДСМ има 26 904 гласа, додека коалицијата „Европски фронт“ на ДУИ има 109 гласа повеќе, односно 27 013. Ова се рефлектира и на бројот на освоени мандати. Имено, во апсолутни бројки од сите изборни единици СДСМ има 153 250 гласа, додека коалицијата на ДУИ – „Европскиот фронт“ 137 486 гласа, но еден пратеник повеќе поради подобрата концентрација на гласовите по изборни единици

Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја однесе победата на вчерашните парламентарни избори, која, според податоците на Државната изборна комисија (ДИК) објавени утрово на нејзината веб-страница, во моментов се ефектуира со освоени 58 пратенички мандати на државно ниво, врз основа на резултатите од сите шест изборни единици.

Освоени мандати на партиите и коалициите / Извор: ДИК

Резултатите и симулацијата на освоени пратенички мандати е врз основа на обработени 99,60 отсто од избирачките места, или во апсолутни бројки 3 463 од вкупно 3 477 места на кои граѓаните можеа да го дадат својот глас. Што се однесува до бројката и процентот на обработени избирачи, тие до 9:40 часот утрово на веб-страницата на ДИК беа 1 802 165, од вкупно 1 815 350 лица запишани во единствениот избирачки список, или во проценти – 99,27 отсто.

Но, како изгледа распоредот на пратеничките места, врз основа на досега обработените податоци кои се блиску до 100 отсто, по изборни единици.

Од она што може да се види, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“, барем што се однесува до распоредот на силите на партиите од македонскиот политички блок, е убедлив победник, со најмногу освоени мандати во сите изборни единици.

Најмногу мандати има освоено во тројката и во четворката – 14 (ИЕ 3) и 13 (во ИЕ 4). Единствените изборни единици, каде што коалицијата „Твоја Македонија“ има едноцифрен број пратеници се двојката (осум) и шестката (три).

Нивниот главен политички ривал – СДСМ со „Коалицијата за европска иднина“ двојно, па и тројно заостанува во речиси сите изборни едници, според бројот на освоени пратенички мандати врз основа на досега обработените податоци. Според нив, досегашната владејачка партија во идниот парламентарен состав би имала 18 пратеници.

Еве како би изгледал распоредот на силите во Собранието меѓу партиите од македонскиот политички блок, доколку обработката на остатокот од податоците не донесат некоја промена.

Изборна едница 1

Во единицата, според податоците на ДИК, коалицијата „Твоја Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ има освоено 76 192 гласови и би имала 10 пратеници. „Коалицијата за европска иднина“ предводена од СДСМ освоила 25 730 гласа или 3 мандати, Левица од оваа изборна единица би имала два пратеника, додека Движењето ЗНАМ – за наша Македонија еден пратеник, со освоени 11 211 гласа во ИЕ 1.

Резултати и освоени мандати во Изборна едница 1 / Извор: ДИК

Она што е забележително во оваа изборна единица е дека СДСМ, Левица и двете коалиции од албанскиот политички блок, онаа на ДУИ – „Европски фронт“ и на опозициските партии на Албанците, „Вреди“, се блиску според бројот на освоени гласови.

Изборна единица 2

ВМРО-ДПМНЕ и нејзината коалиција во оваа изборна единица, со освоени 66 422 гласа, би имала 8 пратеници, а „Коалицијата за европска иднина“, предводена од СДСМ, со добиени 18 631 глас ќе има два мандата. Идентичен број пратеници од двојката би имало и Движењето ЗНАМ со освоени 16 229, додека Левица со добиени 10 673 гласа би имала еден пратеник.

Резултати и освоени мандати во Изборна единица 2 / Извор: ДИК

Забележително е дека во двојката, каде е Куманово, чиј актуелен градоначалник е лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, разликата меѓу неговата партија и СДСМ е околу 2 400 гласа.

Изборна единица 3

Од тројката ВМРО-ДПМНЕ во идниот парламентарен состав би партиципирала со 14 пратеници со освоени 96 546 гласа. „Коалицијата за европска иднина“ предводена од СДСМ би имала четири мандати со освоени 33 605 гласа, а Левица и ЗНАМ по еден пратеник со освоени 13 404 односно 9 426 гласа.

Резултати и освоени мандати во Изборна едница 3 / Извор: ДИК

Изборна единица 4

Овде коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, според досега обработените податоци, е со освоени 96 536 гласа, кои и носат 13 пратенички мандати, додека „Коалицијата за европска иднина“ на СДСМ со 41 962 гласа ќе има 5 мандати. Левица и ЗНАМ, идентично како и во тројката, и од ИЕ 4 добиваат по еден пратеник со освоени 12 427, односно 8 405 гласови.

Освоени мандати и резултати во Изборна едница 4 / Извор: ДИК

Изборна едница 5

Во петтата изборна единица, коалицијата „Твоја Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ со добиени 73 916 гласа би имала 10 пратеници, коалицијата на СДСМ со 26 904 гласа – 3 мандати, а Левица (9 926 гласа) и „Движење ЗНАМ – За наша Македонија“ (8 757) по еден пратеник.

Резултати и освоерни мандати во Изборна едница 5 / Извор: ДИК

Овде коалицијата на СДСМ и онаа на нивниот доскорешен коалициски партнер ДУИ се многу блиску со бројот на освоени гласови. Имено, како што се гледа погоре СДСМ има 26 904 гласа, додека коалицијата „Европски фронт“ на ДУИ има 109 гласа повеќе, односно 27 013. Ова се рефлектира и на бројот на освоени мандати. Имено, во апсолутни бројки од сите изборни едници СДСМ има 153 250 гласа, додека коалицијата на ДУИ – „Европскиот фронт“ 137 486 гласа, но еден пратеник повеќе поради подобрата концентрација на гласовите по изборни единици.

Изборна едница 6

Во оваа изборна едница, со доминантно албанско население, коалицијата „Твоја Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ според досега обработените податоци, освоила 21 639 гласа со кои би имала три пратеници, а „Коалицијата за европска иднина“ предводена од СДСМ со 6 418 гласа – еден пратеник.

Резултати и освоени мандати во Изборна единица 6 / Извор: ДИК

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here