Тркачка верзија на SEAT Leon (Cup Racer) – посветеност на клиентите чија пасија е тркањето

SEAT ја искажа својата категорична посветеност кон мотоспортот и тркачките тимови на своите клиенти на легендарната GTI средба во австрискиот регион Корушка.

Непорекливиот херој на штандот на SEAT во градот Рајфниц на јужниот брег од Врбското Езеро е новата Тркачка верзија на Leon (Cup Racer).Тој многу јасно покажува како може да изгледа тркачки автомобил на SEAT подготвен за долга низа на трки ширум светот. Тркачката верзија на Leon, Leon (Cup Racer) со 330 hp / 243 kW ја постави основата за понатaка во наредните месеци да се продолжи со понатамошен развој и тест возења.

 DSC_2668_Deni

Тркачката верзија (Cup Racer) на штандот на SEAT ќе биде придружуван од уште 5 страсни и индивидуално опремени верзии на моделите на Ibiza и Leon, а исто така за обожавателите на шпанскиот бренд ќе има и посебна програма. На овогодинешната GTI средба – 32- ра по ред – организаторите уште еднаш избројаа над 100, 000 посетители за време на четиридневната изложба.

“Мотоспортот е длабоко навлезен во нашиот бренд; SEAT има повеќе од 40 години тркачка историја и со тркачката верзија на Leon (Cup Racer), почнуваме едно ново поглавје за нашите високо мотивирани тимови на клиентите. Тркачката верзија (Cup Racer) не е изложбен модел, туку првиот автомобил кој е производ на нашата работа кон унапредување“вели Др. Matthias Rabe, Извршен Потпретседател на SEAT на секторот за Истражување и развој. “Новата генерација на SEAT Leon дава несовладлива основа; неговите спортски квалитети се високо признаени од страна на клиентите како и новинарите за моторни возила. Со тркачката верзија, ние го надградуваме големиот спортски успех од изминатите години.”

DSC_2672_Deni

Непогрешлива ДНК на дизајнот, извонредна аеродинамика.

Тркачката верзија (Cup Racer), чија основа е Leon со пет врати со метална мат сива боја со портокалови нагласувања, има визуелно извонреден облик. Има неверојатно моќен став на тркачки фелни од 18 инчи и е 40 центиметри поширок од моделот за сериско производство.

Новиот преден крај е поставен на тој начин што се постигнува оптимална аеродинамична ефикасност и максимален проток на воздух кон моторот и системот за сопирање;додека со моќните лакови на фелните и нивните отвори на задното крило се зголемува разладувачкиот ефект на системот за сопирање со четири клипа. Праговите се цврсто монтирани , заедно со предниот спојлер и мазниот долен дел од возилото, задниот дифузер и двојниот кровен спојлер монтиран на потпората, со што се постигнува максимален аеродинамичен притисок за вртење во свиоци со голема брзина.

Сепак, дури и кај тркачката верзија(Cup Racer), дизајнерската ДНК на Leon останува недопрена; карактеристичните предни светла целосно опремени со ЛЕД, со препознатливиот потпис на дневните странични светла, се преземени од моделот за сериско производство, исто како и задните ЛЕД светла. Кровната контура е исто така иста со онаа на моделот за сериско производство, токму како и препознатливите линии и прецизно поставените блистери на профилот.

Максимална контрола, совршена безбедност

Внатрешноста на тркачката верзија (Cup Racer) на Leon е исто така спремна за тркачка патека. Систематското намалување на тежината и внимателниот минималистички пристап ја дефинираат внатрешноста на автомобилот, заштитена со цврста безбедносна конструкција. Спортското седиште со системот за заштита на главата (HANS) исто така нуди оптимална безбедност. Тапацирано е со посебно изработена кожа која исклучително добро регулира влага. Задржана е основната форма на кабината од сериското производство, иако командите и информациите за возачот на тркачкиот автомобил се цврсто поставени на мултифункционалниот управувач и TFT екранот со висока резолуција зад истиот,овозможувајќи му на возачот секогаш да одржува максимална контрола врз тркачкиот автомобил.

Целосни перформанси за најдобро време на изминат круг

Моќниот погон на тркачката верзија(Cup Racer) на Leon е надополнет со дволитарски четирицилиндричен мотор со турбокомпресија. Достигнува максимална сила од 330 hp / 243 kW и максимална сила на вртење од 350 Њутн-метри. Преносот на сила на предната осовина е помогнат со шест-брзински DSG редуктор со двоен кумплунг кој се контролира со помош на управувачот и електронски контролирано диференцијално заклучување. Посебната варијанта на тркачката верзија за тркачка издржливост може да биде опремена со секвенцијален тркачки менувач на брзини позициониран на централната конзола и механичко диференцијално заклучување.

Прелиминарната цена за Тркачката верзија(Cup Racer) на Leon веќе е дефинирана – верзијата со DSG пренос ќе изнесува 70 000 евра (без ДДВ), додека издржливата верзија со секвенцијален менувач на брзини и механичко диференцијално заклучување изнесува 95 000 евра (исто така без ДДВ).
„Очекуваме да имаме можност да им ја понудиме тркачката верзија на Leon на нашите клиенти – тимови најрано за сезоната во 2014. Со двете верзии за трка и издржливост, Тркачката верзија(Cup Racer) е идеален за неверојатно широка палета на тркачки серии – од ЕТТC до VLN Купот на издржливост во Нирбургринг“ изјави Jaime Puig, директор на SEAT Sport и одговорен за активностите на брендот во мотоспортот. „Исто така можеме да предвидиме понатамошен развој на тркачката верзија за да создадеме WTCC верзија со 1,6 – литарски мотор. На крајот на краиштата, имаме традиција која треба да ја одржиме.“

Ibiza трофеј – за тркачката патека

Паралелно со претставувањето на Тркачката верзија(Cup Racer) на Leon, љубителите може да очекуваат уште пет спортски верзии на штандот на SEAT на Врбското Езеро. Ибица SC трофејот исто така има лиценца за натпреварување на светските тркачки патеки, особено за своите купови со единствен бренд во Шпанија и Италија. За сезоната 2013, 1,4 – литарскиот мотор со турбокомпресија сега има 200 hp / 147 kW, седум-брзински DSG контролиран со управувачот и механичко диференцијално заклучување за максимална тракција. Заинтересираните за лиценца за тркање може да го добијат Ibiza SC трофејот од SEAT Sport со почетна цена од 31 500 евра (без ДДВ).

 

- Реклама -