Трикови за ослободување од непријатните мириси во домот

Јаките средства за чистење може да ги замените со природни средства што веќе ги имате во домот, а покрај тоа ќе заштедите и пари.

Лимонот го чисти вашиот фрижидер

За да се ослободите од непријатниот мирис од фрижидерот натопете вата или сунѓер во лимонов сок и оставете ја во фрижидерот на неколку часа. Лимоновиот сок може да го исцедите на сите места што привлекуваат инсекти, како вратите и прозорите. Ако имате проблеми со лебарки и болви исчистете го подот со четири исцедени лимони растворени во две до три литри вода.

lemons

Оцетот ги чисти запушените цевки

Ако ви се запушил одводот пробајте во него да ставите половина шолја сода бикарбона,а потоа додајте една шолја оцет. Неколку минути подоцна измијте со млака вода.

Пастата за заби е добра против непријатните мириси

Освен што може да ви помогне за чистење на валканите ѕидови, пастата за заби ќе ви помогне и во отстранување на непријатните мириси.

Toothpaste

И сода бикарбона е добра против непријатните мириси

Ако ви смета мирисот на лук или кромид, истријте ги рацете со сода бикарбона наместо со сапун.

 

- Реклама -