Трикови за на работно место 2

 По трикот Како да го излажете шефот дека работите до доцна во ноќта, серијалот со Трикови за на работно место го продолжуваме со вториот совет: Како да поминете цел работен ден без да работите било што

По трикот Како да го излажете шефот дека работите до доцна во ноќта, серијалот со Трикови за на работно место го продолжуваме со вториот совет:

 

Како да поминете цел работен ден без да работите било што

 

Изгледајте зафатено

Многу е важно да изгледате зафатено. Расфрланите хартии насекаде по работната маса многу помагаат, како и моливи истрошени до самиот врв (за да се добие впечаток дека и многу запишувате, на пример на состаноци). Ако треба да одите до тоалетот на пример, одете брзо со наведната глава (ова помага во ситуации кога не сакате некој случајно да ве повика во врска со некоја работа. НИКОГАШ НЕ ВОСПОСТАВУВАЈТЕ КОНТАКТ СО ОЧИ!) Секогаш носете со себе хартии, или уште подобро, роковник.

 

Изгледајте како да сте под стрес

Ако изгледате како да сте под голем стрес, вашите колеги и вашиот шеф нема да ве малтретираат толку многу, поради фактот што "имате останати работи кои ви тежат". За да изгледате како да сте под стрес, не ги фокусирајте очите, мрдајте од место на место додека тивко си зборувате самите на себе. Ако некој ве праша нешто, погледнете во далечина за момент, издишете се, и одговорете со иритирачки тон.

 

Толку за овој пат

 

Во наредниот број ќе научите: Како да се криете низ канцеларии

Претходниот трик: Како да го излажете шефот дека работите до доцна во ноќта

- Реклама -