Брзи и евтини трикови за убав изглед

Испукани нокти, тенка коса без сјај и масна кожа? Ви звучи познато? Не очајувајте, затоа што решенијата за убав изглед се повеќе од едноставни и брзи. Следете ги овие трикови за убавина кои се успешни и ќе предизвикаат вашите нокти, коса и кожа да блеснат во полн сјај, како на вистинските заводнички.

Пред секое излегување од домот на рацете и на вратот нанесете крем за сончање. Имено, токму на овие делови на телото, како и на лицето, најбрзо се појавуваат првите знаци на стареење. Ако внимателно ги негувате вратот и рацете, ќе изгледате младо и свежо.

Жените што мачат мака со ноктите треба да престанат да се грижат. Имено, патот до здрави и убави нокти никогаш не бил полесен. Само редовно негувајте ги ноктите со млеко од бадеми, а додека ги нанесувате овие плодови на ноктите, пожелно е и да каснете по неколку секојдневно.

Сувите и груби дланки, пак, едноставно ќе ги негувате со чист глицерин. Нема ништо подобро од овој екстремно масен гел за оштетената кожа. Пред спиење намачкајте богат слој на дланките, а потоа облечете памучни ракавици и носете ги во текот на целата ноќ.

Девојките што сакаат да изгледаат како фаталните Французинки треба никогаш да не го напуштаат домот без кармин, бидејќи француските жени ретко употребуваат сјај, а го преферираат токму карминот во фатална црвена боја.

За да постигнете неодоливо секси поглед, со кој ќе ги освоите практично сите мажи, инспирација побарајте во Авганистан. Токму овие жени имаат прекрасни очи, затоа што наместо да се експериментираат со разни бои, очите прецизно и ефектно ги цртаат со обично црно моливче, а таквиот поглед делува навистина освојувачки.

Патот до сјајна и мека кожа на лицето, пак, никогаш не бил полесен, затоа што за тоа ви е потребна само освежителна вода. Цветната водичка со која ќе го испрскате лицето наутро, ќе ја одржи вашата кожа свежа во текот на целиот ден. А, ако знаете дека ве чека долг и напорен ден, не е лошо да си понесете едно шишенце и во чантата и да се освежувате повеќепати дневно.

Конечно, ако по летното сонце вашата темна боја полека се губи, а пудрата ви стане претемна, проблемот лесно ќе го решите со малку хидратантен крем. Помешајте ги двете заедно, а на крајот ќе бидете воодушевени од резултатите, затоа што вашето лице ќе биде меко и буквално ќе блеска.

- Реклама -