На интернет просторот наидовме на трикче со шминка, кое што ќе ви биде доста корисно, особено по заморните ноќи надвор. За да го направите вашиот поглед брилијантен за неколку секунди и да ги прикриете добро сенките под очите, потребно е само да нацртате триаголник со помош на коректор, кој потоа ќе го размачкате добро со козметичко сунѓерче за шминка. Како точно се случува тоа и каков е ефектот од техниката, можете да видите тука: