Велосипедите се супер, но дупната гума може да ги претвори во кошмар. Особено ако сте далеку од дома и сте заборавиле да понесете лепенки.
Постои брз „зошто не се сетив на тоа порано“ трик за вакви вонредни ситуации. Се разбира, ќе ви треба и пумпа, но она што е важно е да имате нешто за да ја извадите гумата и алат за да ја исечете (некои велосипедисти велат дека успешно ја завршиле работата дури и со остар камен). Откако ќе ја отстраните внатрешната гума од тркалото, лоцирајте го местото каде што е дупната, и исечете ја попречно на истото место. Врзете ги двата краја од гумата во стегнат чвор, што ќе го задржи воздухот внатре. Враќањето на гумата на тркалото ќе биде потешко, но е возможно. Штом тоа го направите, напумпајте ја, макар на најблиската бензинска или од првиот автомобил што ќе застане да ви помогне.
Возењето нема да биде удобно како претходно, заради чворот, но се е подобро од туркање на велосипед со километри, нели?