Tрик од нашите баби: Омекнувач со оцет и сода бикарбона

Домашниот омекнувач за облека, кој се подготвува едноставно е многу ефикасен, а состојките секогаш ги имате во кујната.

Состојки:

100 г. сода бикарбона (без алуминиум)

1 до 2 дл. топла вода

800 мл. алкохолен или јаболков оцет

етерично масло ( по желба) околу 20 капки.

Подготовка:

Земете голем пластичен сад од 3-5 литри ( поради пенливата реакција на состојките). Во него измешајте вода, оцет и сода бикарбона. Бидете подготвени и на хемиска реакција на овие состојки, да пени на сите страни.

Кога течноста ќе се „смири“, сипете ја во стаклено шише во кое ќе го чувате омекнувачот.

 

Додадете неколку капки етирично масло, затворете го шишете и добро протресете.

Совет:

Пред секоја употреба истресете го омекнувачот. Користете најмногу четири лажици од овој препарат за едно перење на облеката.

- Реклама -