Трицикл со погон на дупчалки

трициклЕден дизајнер создал чуден трицикл кој наместо педали и човечки погон има две електрични дупчалки со кои може да достигне максимална брзина од околу 30 километри на час. Единствениот проблем е што „велосипедот“ не изгледа воопшто удобен за возење.


трициклТрициклот е наречен EX, и е наменет за возење во речиси легната положба на десетина сантиметри од земјата. На рачките се поставени контролите со кои се управуваат двете осумнаесет волтни Bosch дупчалки кои ја имаат улогата на мотори, додека управувањето се изведува со поместување на тежината на возачот. Дизајнерот, Нилс Фербер, вели дека за изработка на овој трицикл се потребни околу 1000 евра, и дека неговата креација е многу поеколошка од повеќето други возила.
трициклГоворејќи за трициклот Фербер изјавил: „Ексцентричноста е дефинирана како напуштање на она што е обично или вообичаено. За да се придржам до оваа дефиниција не можев само да модификувам веќе постоечко возило туку морав да започнам нешто ново од нула. Резултатот е комплетно нов концепт на возење. Двете дупчалки вртат во истата насока за да се добие нивната максимална сила.“ [The EX]

- Реклама -