Три работи што не треба да се прават со кредитна картичка

Сите сте слушнале совети од типот „Користете ја мудро кредитната картичка!”

Сепак, да знаете што е разумно и да го правите истото може да бидат две различни работи.

Еве некои од најлошите навики поврзани со користењето на кредитни картички, што е добро да се избегнуваат.

 1. Трошите неразумно

1

Многу луѓе не сфаќаат колку трошат, кога станува збор за виртуелни пари или пари на кредитните картички кои не се реално во паричникот. Ова често ги поттикнува на неразумни купувања. Перцепцијата дека „штом купувањето не е со вистински пари, не се брои”, може да е исклучително погрешно и да води до акумулација на висок долг.

2. Минималната такса за отплата

2

Кредитните картички се еден од најскапите извори на финансирање. Затоа економистите препорачуваат да потрошите онолку колку што можете да си дозволите да покривате секој месец, или во рамките на грејс период. Просечните каматни стапки на овој род кредитни инструменти варираат широко, со тоа што често достигнуваат и над 20% годишно. Плаќањето на минимален износ за отплата значи дека сте осудени на вечна задолженост кон финансиската институција, што ви ја издала кредитната картичка.

3. Имате премногу кредитни картички

3

Да имате многу и најразлични картички може да ви се чини на прв поглед како добра идеја. Дури и да не ги користите сепак, кредитните лимити на нив сериозно натежнуваат врз расположливиот приход, барем според кредитните институции. Постои сериозна можност да ви биде одбиен кредит за значително купување (на стан или автомобил, на пример), бидејќи расположливиот приход не е доволен, токму поради големиот број кредитни картички кои ги имате.

- Реклама -