Три недели пауза за Торес

Челзи соопшти дека Фернандо Торес ќе паузира околу три недели поради повреда на лигаментите на коленото.

Шпанскиот репрезентативец на завчерашниот дуел против Стеауа во Лигата на Шампионите помина на теренот само десетина минути и мораше да биде заменет со Самуел Ето.

Се стравуваше дека Фернандо Торес би можел подолго време да биде надвор од стројот, но деталните тестови не покажале посериозна повреда.

Напаѓачот ги оштетил лигаментите на коленото, и лекарскиот тим на ’Сините’ очекува фудбалерот да паузира околу три недели.

Со ваква прогноза ’Ел Нињо’ најверојатно ќе се врати на терените на 27. октомври за дерби пресметката со Манчестер Сити, но постојат мали шанси тој да направи кам-бек на дуелот со Шалке, пет дена претходно.

Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал

- Реклама -