Употребата на чудни креми и домашни препарати нема да го реши проблемот со целулитот. Престанете да користите сомнителни методи и послушајте ги советите на експертите за тоа како засекогаш да имате убави нозе.
Подлабокиот проблем бара поинакво решение
Целулитот не е проблем со изгледот на кожата, туку е прашање на метаболизмот и структурата на ткивото. Бидејќи грутките и испакнатините на кожата само ја манифестираат длабочината на проблемот, кремите не можат да ви помогнат. Поработете на тоа како да го забрзате метаболизмот и да спроведете детална детоксикација на организмот.
Ризичен третман
Скапите третмани можат само да ви ја „олеснат“ состојбата на банкарската сметка, но не и обемот на колковите. Иако многу жени веруваат дека замотувањето, масажата или стегањето ќе им помогне при проблемот со целулитот, овие третмани всушност не се воопшто ефикасни. Најдобро би било да се активирате, шетате, трчате и на тој начин да го решите вашиот проблем.
Вежби за „долен дом“
Без оглед на возраста, можете да се ослободите од целулитот. Она што е важно е вашата решителност, упорност и истрајност. Правете вежби кои го таргетираат долниот дел на телото. Најдобри се сквотови и одење по лента.