Три европски земји ги удвоиле испораките на руска нафта

Лондон, 7 јуни 2022 (МИА) – Поморските компании во трите најголеми поморски земји на Европската унија – Грција, Кипар и Малта, ја удвоија количината на руска нафта што ја транспортираа од почетокот на инвазијата на Украина на 24 февруари, објави Индипендент.

Поморските компании и бродовите поврзани со трите земји во мај транспортирале во просек по 58 милиони барели руска нафта, објавија британските медиуми, повикувајќи се на анализа на невладина организација Глобал Витнес. Тоа е речиси двојно повеќе од повеќе од 31 милион барели што тие заедно ги испорачаа во февруари. Трите земји имаат најголема бродска флота во ЕУ.

„Бродовите поврзани со Грција, Кипар и Малта ги исмеваат напорите на ЕУ да ја санкционира воената машинерија на Путин, а притоа го одржуваат приливот на пари во Русија“, изјави за Индипендент Луис Годард, виш советник за истражување на податоци во Глобал Витнес.

Прочитајте и:  Калас: ЕУ мора да ја поддржи Украина колку што е потребно

Според „Market Insider“, нема докази дека компаниите и танкерите што превезуваат руска нафта ги прекршуваат санкциите.

- Реклама -