Тревата нема сама да се искоси

Сесилија Веселс од Алберта, Канада, објави фотографија од својот сопруг додека ја коси тревата. Не звучи ништо посебно, сé додека човек не види дека од другата страна на оградата, не многу далеку, поминува торнадо.

Дали типчево стварно ноншалантно си го средува дворот или е изнервиран од долгото попување на жена му, па од инат не сака да прекине – не знаеме. Како и да е, вели дека го имал торнадото „под контрола“. Повремено ѕиркал до каде е.

Сесилија, пак, го сликнала за своите родители во Јужна Африка, кои ретко гледаат торнада.

Таа не е единствениот жител на Три Хилс, Алберта, што го снима „твистерот“ додека минатиот петок минуваше низ малиот град. А изгледаше вака:

Според Canadian Press, иако имало откорнати дрва и покриви, торнадото поминало без повредени. Само 27 минути откако е објавено предупредувањето, властите информирале дека опасноста е помината.

- Реклама -