Трето издание на Охридскиот вински фестивал 


Tрадиционалното трето издание на винскиот фестивал – „OHRID WINE FESTIVAL“ oваа година фестивалот ќе се оддржи на 27, 28 и 29-ти јуни на улица „Кеј Македонија“ пред хотелот Палас во Охрид. Посетителите ќе имаат можност да дегустираат од најубавите македонски вина, вкусна храна и одлична културно – музичка програма со македонски музички артисти, соопштија организаторите.

На брегот на Охридското езеро посетителите ќе имаат можност да уживаат во музиката на Влатко Лозановски, Ареа, Куку Леле, Миле Кузмановски, Некст Тајм и многу други, а оваа манифестација го најавува и летниот културен бран  на нашата најзначајна туристичка и културна дестинација.

На фестивалот ќе учествуваат голем број од најпознатите македонски винарии, како и мали семејни винарии, а целата понуда ќе биде збогатена со гурмански деликатеси. 

- Реклама -