Ријана навистина знае да облече секакви комбинации, но мора да признаеме дека овој пат заслужува чиста десетка.
Рири успеала одлично да искомбинира тренерки и потпетици, а целиот изглед до дополнила со дебел златен ланец, капа и нејзиниот омилен моден додаток – Chanel нараквица.
Тренерките имаат потпис на Ann Sophie Beck. Чевлите се во стилот на деведесеттите под називот White Joan Ankle Strap Pumps, а ги потпишува Alexander Wang.