Кога се во прашање трендовите за модните додатоци, правилото за актуелната сезона пролет-лето гласи форма пред функција. Затоа задолжително збогатете го вашиот секојдневен изглед со впечатлив накит со необични геометриски форми.
Коцкасти прстените, нараквиците со неправилни форми, како и кабестите аголни ѓердани или обетки со нагласени облици, се парчиња со кои навистина може да создадете личен моден печат.
Не заборавајте дека кога одбирате доминантен накит, треба да бидете поумерени со облеката. Во вечерените пригоди, ѓерданите или обетките комбинирајте ги со еднобојни фустани за елегантен стил, а за дневна варијанта може да си ги развеселите комбинациите со геометриските прстени или впечатлива нараквица.