Многу добро знаеме дека кога сакате да дознаете колку е часот погледнувате на вашите мобилни телефони. Сепак, сметаме дека треба да се одлучите за старите добри рачни чаовници кои претставуваат своевиден накит, како за жените така и за мажите.
Во вашите секојдневни комбинации оваа пролет како и во летото што доаѓа одберете и тренди часовник кој треба да стане задолжителен дел од вашиот стил. Од часовници во живи бои до часовници од жолто и бело злато, сѐ е дозволено.
„Оваа пролет и лето часовниците и нежниот накит совршено ќе го дополнуваат и дневниот и вечерниот изглед.Добриот часовник ќе биде сосема доволен за да изгледате префинето и модерно.Брендовите како што се Guess, Just Cavalli, Sector no limits, Esprit, Jacques Lemans, Cerruti 1881 како и Casio со своите подбрендови Edifice, G-Shock, ProTrek и Baby-G нудат богата палета на производи. Оваа сезона нема да згрешите ако носите часовник во живи бои но и ако се одлучите за часовниците од бело и жолто злато кои се задолжителни за оваа пролет и лето“, вели Драган Салџиев – Бренд Менаџер во My Time.
Ви предлагаме неколку модели доколку не знаете каков да одберете од богатата понуда на My Time.
И нежниот накит е задолжителен за оваа пролет