Треба ли да се полни резервоарот на модерните автомобили „до врв“?

Факт: Стандардот во нашата ни мила земја ретко дозволува да го наполните резервоарот до врв, но еве, да зборуваме хипотетички: Паметно ли е тоа да го правите?

Дел од возачите од разни причини точат гориво и повеќе од предвидениот максимум, што се вели до врв, игнорирајќи го „кликањето“ на „пиштолот“ на цревото од бензинската пумпа, кое по правило значи дека резервоарот е полн. Некои тоа го прават со намера да го искористат целиот простор, мислејќи дека ќе имаат на располагање повеќе гориво.

Но сето тоа е погрешно, а има неколку причини.

Првата е што вишокот гориво ќе истече низ за тоа предвидениот одвод на резервоарот, што значи дека буквално го фрлате платеното гориво во неповрат. Се разбира, не зборуваме за големи количини, но зошто воопшто би го правеле тоа?

Другата причина е што на современите пумпи горивото се пумпа преку пиштоли кои имаат хардвер и за враќање на горивото. Тоа значи дека горивото од преполнетиот резервоар ќе се врати во пумпата, но вие битно ќе си го платите.

Третата, и најскапа причина, е што сите автомобили, од 1971-ва наваму, имаат систем за повраток на гасовите. Се разбира, тој спречува горивото во резервоарот да испарува, а гасовите што сепак испаруваат ги складира во посебен резервоар. Ако ја преполнувате колата со гориво, неизбежно ризикувате да го нахраните овој систем и со течно гориво, а тоа може да предизвика негово оштетување. Поправката може да ве чини од стотици па до илјада и повеќе долари.

- Реклама -