За премиерот Зоран Заев тоа е ветото, но за опозицијата, стратешката грешка во спорот со Бугарија е токму Заев. Тоа и јавно му го порачаа.
Имено, денеска, како резултат на уште една герилска акција на „граѓани“, во Скопје осамна транспарент со натпис:
„Заев е тешка геостратешка грешка“ (фото: Курир.мк).
Очигледно, се алудира на делот во обраќањето на премиерот Зоран Заев до нацијата, кога завлекувајќи на струмички (или на петрички?), што за жал го наруши сериозниот тон на истото, со таква квалификација го оцени ветото од Бугарија:
„ … За жал, процесот на проширување како стратешка цел на ЕУ го запре Република Бугарија, од позиција на земја-членка. Станува збор за неодговорна и тешка геостратешка грешка. И добро е што нашите меѓународни пријатели и сојузници не ја премолчуваат оваа грешка…“, рече Заев во посочениот дел (5:20 во видеото).