Трансформација до непрепознатливост: Изгубила 40 кг. и станала фитнес тренер

Клер Краутерс од Северен Велс, била незадоволна со својот изглед и со вишокот килограми кои започнале да го уништуваат нејзиното физичко и психичко здравје.

Од оваа причина се одлучила за голема трансформација, и за целосна промена на нејзиниот начин на живот, одбивајќи да застане пред олтарот незадоволна од себе.

Оваа 31-годишна девојка се одлучила на промена во својот живот, после еден навредлив коментар кој го добила на работа, и откако дошла до фаза во која не можела да поднесе да се погледне во огледалото. Со помош на сопругот Стивен, Клер успеала да ослабе 40 килограми.

Нејзините проблеми со качувањето на килограми започнале уште во факултетските денови.

Таа со помош на храна ја лечела нервозата, анксиозноста, немирот… И сето тоа било со нездрава храна како пици и сладолед. „Храната ми беше утеха“ истакнала Клер за Дејли Меил и додала како целта и била да го сочува своето здравје и да биде добар пример за нејзината ќерка Моли.

Клер била до толку несреќна со својот изглед, што дури и одбила да се омажи со нејзиното сакано момче.

„Не можев да се поднесам кога ќе се погледнев во огледало, дури и секоја фотографија од мене ми беше толку грда што ја бришев од камерата“, додала Клер.

PicMonkey Collage

На процесот на слабеење се посветила во 2012 година, заедно со момчето, а денес нејзин сопруг, Стивен. Со нејзината посветеност за само 10 месеци изгубила 40 килограми.

„Сега имам тело со кое се гордеам. Веќе не можам да го замислам својот живот без вежбање. Се чувстувам одлично, здравјето ми се подобри и имам огромна самодоверба“, вели Клер.

После нејзината трансформација, таа конечно се чувствувала спремна да се омажи, па двојката се венчала во 2014-та година.

claire-poslije-3

- Реклама -