Трамп со бизнис совет до „Боинг“: Сменете му го името

Авиогигантот од Сиетл (таму е основан, седиштето е во Чикаго) – „Boeing“, ја доживува веројатно најголемата криза во своето постоење, а тоа го инспирираше најуспешниот бизнисмен – од аспект на тоа дека успеа да стане претседател на најмоќната држава во светот, да се обиде да ѝ помогне на американската компанија со својот драгоцен совет.

По двете фaтaлни нecpeќи на авионите од моделот 737 MAX и масовното приземјување на овој модел ширум светот, американскиот претседател Доналд Трамп смета дека го има решението за тоа како Boeing повторно да застане на нозе – да се ребрендира.

„Што знам јас за брендирањето, можеби ништо (но станав претседател!), но ако јас бев Boeing, ќе го поправев Boeing 737 MAX, ќе додадев неколку дополнителни одлични опции и ќе го РЕБРЕНДИРАВ авионот со ново име.
Ниту еден продукт не страдал како овој. Но, пак ќе речам, што по ѓаволите знам јас?“, напиша Трамп на Твитер.

Останува да видиме дали Boeing ќе го послуша советот.

 

 

- Реклама -