Трагичниот живот на петтиот Битлс

Стјуарт Сатклиф бил роден во Единбург во Шкотска, а пораснал во Ливерпул во Англија. Природно талентиран, уште како мал покажувал голема наклонетост кон уметноста.

Подоцна, додека за живот заработувал како ѓубретар заминал на Факултет за уметност во Ливерпул. Во тоа време бил сметан за еден од најдобрите сликари во својата класа, особено во апстрактно експресионистичкиот стил, кој отворено го прикажувал.

Токму на колеџ го запознал својот колега Џон Ленон, кој набрзо станал негов цимер. По изложбата на која била продадена една од неговите слики за тогашни вртоглави 65 фунти, Ленон го наговорил да купи бас гитара и да се приклучи на бендот кој тој го основал заедно со своите другари Пол Макартни и Џорџ Харисон. Стјуарт не поседувал никакво музичко искуство дотогаш.

Stjuart-Satklif-6

Името на бендот се менувало неколку пати. По пристапувањето во бендот, Сатклиф и Ленон дошле до идеја да го наречат бендот  “beetles”, во чест на Бади Холи и неговиот бенд  The Crickets. Во следните неколку месеци, името еволуирало во Silver Beetles, па во Silver Beatles и најпосле во The Beatles.

Не беше добар музичар. Всушност, тој воопшто и не беше музичар, додека ние не го наговоривме да купи бас гитара. Собра неколку финти и понекогаш вежбаше. Звучеше малку раштимано, но тогаш не беше толку важно, бидејќи навистина изгледаше добро и пленеше со својата појава.

Џорџ Харисон

Stjuart-Satklif-7

Откако го пронашле и тапанарот Пит Бест, Сатклиф со Битлси отпатувал за Хамбург во Германија, каде ги очекувал настап во еден ноќен клуб.

Токму на тоа место ја запознал и се заљубил во фотографката Астрид Кирхер, со која се верил после два месеци. Таа му ја создала прочуената моп-топ фризура, која подоцна ја прифаќаат и другите членови на бендот и ја прават светски позната.

Stjuart-Satklif-4 Stjuart-Satklif-5

Кога ќе го погледнев Стјуарт секогаш очекував дека ќе ми ја каже вистината. Стју ми кажуваше кога нешто е добро и кога не е добро и јас многу му верував. Умеевме да бидеме одвратни кон него понекогаш. Особено Пол, често го замараше. После такви ситуации му објаснував дека не е вистина дека не го сакаме, навистина...

Џон Ленон

Во 1961 година, Сатклиф ги напушти Битлси за да се посвети на сликањето и на животот со Астрид. Тој добива и стипендија за Факултет за уметност во Хамбург, на катедра кај скулптурот Едуардо Паолоциј. Неговата уметничка кариера за жал нагло завршува кога на само 21 година, после серија тешки главоболки изненадувачки умира поради излив на крв на мозокот, и тоа, само една година по напуштањето на бендот.

Stjuart-Satklif-8

Инаку, ликот на Сатклиф и понатаму се наоѓа на насловната страна на албумот  Sgt. Pepper’s Lonely Hearts Club Band, на левата страна од корицата.

Stjuart-Satklif-3

- Реклама -