Трагичната офсајд замка на „Гаучосите“ која ја воскресна Нигерија

Финале на Олимписките игри, 90 минута и ситуацијата што ја обележа историјата на едно од најголемите планетарни натпреварувања.

slika1nigerija

Таа 1996 година во Атланта, фудбалската репрезентација на Нигерија продолжи со својот бум кој започна две години порано, во САД на Мундијалот, каде после освојувањето на првото место во групата пред Аргентина и Бугарија стигна до осмина финалето, каде што ја чекаше, за жал несовладивата пречка Италија, која подоцна стигна до финалето.

Нигерија  на Олимписките игри настапи во сличен состав, со лидерите Џеј-Џеј Окоча, Нванк Кану, браќата Бабајаро, а во одбраната со тогаш младиот и цврстиот Тарибо Вест.

Во фазата по групи Нигерија ги запиша победите над Унгарија (1:0) и Јапонија (2:0), а единствениот пораз беше од  Бразил (1:0). Во четврт финалето беше елиминиран Мексико со 2:0, за полуфиналето да донесе уште една средба со Бразил што взушност значеше одмазда во форма на триумф по продолженијата со резултатот 4:3.

slika2nigerija

Во големото финале повторно се случи спектакл. Аргентинците предводени од Ортега, Ернан Креспо, Хавиер Занети и останатите играчи таа генерација. Се разбира, правдата ја делеше најдобриот арбитер на сите времиња, Пјерлуиџи Колина.

Прочитајте и:  Роналдо сака да стане прв човек на бразилскиот фудбал и да го доведе Гвардиола за тренер

Веќе во третата минута Клаудио Лопез со прецизен удар со главата ги доведе „гаучосите“ во водство. До полувремето, на сличен начин изедначи Селестин Барбајаро, за да Ернан Креспо повторно ја доведе Аргентина во водство по сомнителениот пенал над Ариел Ортега. Во 74 минута израмни Амокачи на чудесен начин лобувајќи го Пабло Каваљер.

До 90-та минута се чинеше дека на турнирот уште еднаш ќе се играат продолжетоци, кога по левата страна топката ја зема Емануел Амунике. Најпрвин помина еден играч, и тргна кон Хавиер Занети, а популарниот „трактор“ го сруши на работ на шеснаесетникот. Тогашниот селектор Даниел Алберто Пасарела, одлучи да проба да го спречи налетот на Нигеријците со офсајд стапицата.

slika3nigerija

Бабангида изведе слободен удар, центрираше, а комплетниот тим на Аргентина отиде надвор од шеснаесетникот. Сите во истиот момент, само Роберто Сенсини заглави, со што му овозможи на Емануел Амунике да постигне гол и да ѝ донесе на Нигерија историски олимписки златен медал.

Аргентинците протестираа, но залудно. Пјерлуиџи Колина беше неумолив. Нигеријците станаа фудбалски богови.

Како тоа изгледаше…

- Реклама -