Резултатите од едно неодамнешно истражување покажуваат дека ДНК метилацијата (процес преку кој клетките ја контролираат генетската активност) може да се покаже како важен знак кој укажува на постоењето на историја на пушење кај пациентот. Откривањето на локациите на ДНК метилацијата може да допринесе во создавање на нови третмани кои би делувале на овие области.
Научниците веќе одамна знаат дека кај некогашните пушачи постојат шанси за настанување на срцеви болести и одредени типови канцери, дури и неколку децении по запирање на консумацијата на тутун. Меѓутоа, овие молекуларни механизми сé уште не се сосема јасни.
Научниците од Медицинскиот факултет при универзитетот Харвард ги анализирале местата на ДНК метилација во рамките на човечкиот геном, користејќи крв собрана од речиси 16.000 учесници во истражувањето – меѓу кои имало и екс пушачи, како и луѓе што никогаш не пушеле.
Резултатите покажуваат дека кај поранешните пушачи, овие локации имаат тенденција да се враќаат во состојба карактеристична за тие луѓе кои пет години не запалиле цигара по престанувањето. Меѓутоа, одредени места на метилација биле сé уште присутни, и по 30 години.
Статистички најважните места се поврзани со болестите кои се сметаат за резултат на пушењето.