Квалитетот на грчката кујна е познат веќе со векови. Со оглед на тоа што Грција отсекогаш имала многу посетители од другите делови на светот, Грците веќе долго време ја усовршуваат нивната храна, но и нивното вино, кое уште во Античка Грција било пијалок на боговите и љубов на филозофите.
Грците обожаваат да консумираат свеж зеленчук, маслинки, сирење и маслиново масло, кое заради благата клима, во Грција го има во изобилство. Не пропуштајте таква салата – не само што не е многу калорична, туку е и многу освежителна.
Од друга страна, Грците обожаваат да јадат и јагнешко месо, дробови, слезинки и сл. Тоа би требало да ни е познато, нели? Сепак, не бидете изненадени што „грчкото месо“ има поинаков и единствен вкус – тоа се должи на тоа што домашните животни ги хранат со трева која има доста ароматични цветови.
Оброкот започнува со традиционалната грчка ракија – узо, која пред консумирањето се зачинува со анасон.
По предјадењето, стигнуваме до главната грчка кујна, а еден од нејзините амблеми е грчката „мусака“. Штом еднаш ја пробате, нема да ја заборавите.
Грчката пита – „гирос“ е веројатно нешто што најчесто ќе го јадете ако престојувате во Грција, и тоа без тронка каење.
Ако ве понудат со месо на скара, заедно со „цацики“, домат и кромид, знајте дека ве очекува вкусно „суфлаки“. Не го пропуштајте!
Една од многуте алтернативи е и „пастисио“ – макарони со мелено месо и бешамел сос.
Друго јадење што морате да го пробате е и „каламари“ – лигњи пржени на скара и сервирани со разни сосови.
Грчките десерти обично се многу слатки, прелиени со мед и зачини. Задолжително: „баклава“ и „локумадес“.