Toyota: И камиони на водород

Компанијата Toyota продолжува да го проширува полето на возила кои го користат водородот како енергетски агрегат. Како дел од проектот Project Portal, на пристаништата во Лонг Бич и Лос Анџелес, почнаа со работа камиони H2, кои се опремени со електрични мотори со водородни ќелии.

Агрегатите се идентични со принципот на работа на оние кои Јапонците ги користат за атомобилот Toyota Mirai. Кај седанот моќноста на погонскиот систем е 153 КС, но кај камионот таа развива повеќе од 670 КС и 1800 Nm вртежен момент. Тоа е сосема доволно за да може тој да повлече товар со тежина до 36 тони. Специјално за камионите на пристаништата се изградени станици за полнење, кои за само 20 минути обезбедуваат енергија, доволна за автономија од 320 километри. Специјалисти пресметаа дека 10-те тешки машини кои работат секојдневно на двете пристаништа, упротребуваат околу 1 тон водород на ден. Тоа е и причината за изградбата на двете станици.

Од Toyota најавија дека искуството со користење на водородни енергетски агрегати кај вакви машини ќе донесе огромни бенефиции. Идните камиони ќе можат да обезбедат висока енергетска ефикасност, а за разлика од машините со традиционални мотори со внатрешно согорување нема да ја загадуваат атмосферата. Идејата на Јапонците е да пуштат и автобуси на водород, кои ќе ги превезуваат гостите на Токио за време на Олимписките игри во 2020 година.

- Реклама -