Тото Волф: Мерцедес е како универзитетски кампус – доаѓаат лидери на новата генерација

Лондон, 25 август 2021 (МИА) – Извршниот директор на Мерцедес – Тото Волф, зборуваше за тоа како постојаниот напредок и обновување му овозможуваат на тимот да победува.

„Успешниот спортски тим не може да биде статичен – тој мора да се развива и адаптира. Тоа е комбинација на искуство со ентузијазмот и љубопитноста на младите луѓе. Во нашата компанија гледам луѓе кои биле од самиот почеток, но и млади мажи и жени. Понекогаш тимот наликува на универзитетски кампус, што е одлично. Гледаме како доаѓаат лидери на новата генерација. Тоа е многу пријатно искуство, и за мене лично и за целата организација“, рече Волф.

Австриецот дополни дека филозофијата на Мерцедес му помага на тимот успешно да се натпреварува со Ред Бул без доминантен болид.

„Сите овие години дискутиравме како ќе се справиме кога брзината ќе се покаже како недоволна. Во овој момент, сите наши вредности што ги изградивме, целата упорност и енергија беа применети во пракса“, истакна Волф.

Возачот на Мерцедес – Луис Хамилтон, по првиот дел во Шампионатот во Формула 1, е лидер во Генералниот пласман.

- Реклама -