Тотално ги разочара фановите: Не ми фрлајте сра*а на сцена! (видео)

Иако има милиони фанови во светот, 25 годишната Ријана во последно време не е баш најомилена пејачка.

Откако два часа доцнела на концертот во белгискиот град Антверпен, Ријана стигнала на сцена сосема дезориентирана.

Ѝ се обратила на публиката велејќи дека се радува за настапот, а неколку фанови ѝ фрлиле подароци на сцената.

„Не фрлајте сра*а на сцена!Нема сра*а!Не сакам некој да погоди некој од моите луѓе на сцената. Антверпен, што има, спремни ли сте за забава?“, рекла Рири.

Таа во овој град настапи два дена по ред, а изгледа дека двата пати фановите биле разочарани. Иако Ријана одржа концерти во преполни сали, бројни фанови на Твитер го покажале своето разочарување.

Многу коментирале дека Ријана била под дејство на дрога и алкохол и дека пеела на плејбек. „Претежно пееја пратечките вокали“.

Погледнете ги видеата и оценете сами

 

- Реклама -