Тошковски за МИА: Очекувам да стигнеме до три илјади пасоши на ден

Гледаме да дојдеме на некоја максимална бројка од 3.300 пасоши коишто би се произведувале на ден, тоа е максимална бројка ако произведуваме пасоши без да има никаков застој во текот на денот. Тоа значи, да почнат со работа од 6 часот наутро и да работат до 22 часот попладне, тоа значи дека два часа дневно е зголемен капацитетот на производство, вели во интервју за МИА Панче Тошковски, министер за внатрешни работи во техничката Влада.

Вкупниот број на лични документи којшто е потребно да се заменат, Тошковски проценува дека е некаде од прилика околу два милиона и посочува дека очекува да се дојде до бројка од околу 75.000 месечно што е максималниот капацитет.

-Сега да не се правиме ние дека сме не знам што, но, сето она време кое што можам да го дадам за да подобриме нешто во процес во наредниот период којшто ни останува, 70 и некој ден до избори, па и она време по избори, овој процес нема да застане за време на избори ќе го дадам заедно со целокупниот тим којшто е околу мене, заедно со сите оние коишто се добронамерници и во рамки на Министерството и во однос на ова прашање. Негде од прилика бројката која што во континуитет ја имале како бројка за производство во Министерството е околу 50.000 пасоши на месечно ниво. Бројката која што сакаме да ја достигнеме, реална бројка, е некаде околу 75.000 пасоши на месечно ниво, вели Тошковски.

Презакажувањето, појаснува Тошковски, ќе се прави така што на 20 дена ќе се прави прочистување на списоците. Тоа значи дека ако претходно некој имал термин 15 декември сега ќе има термин крај на април.

– Од 1 мај сега се дојдени мислам до август. Како што се ослободуваат овие термини во делот на – првично се пополнуваат термини заклучно со април заради тоа што и таму беа констатирани. Значи, пресекот почна да се презакажуваат луѓето од 1 мај па натаму. Но, од листите коишто ги прочистувавме имаше слободни термини и во април, вели Тошковски.

Во однос на „Сваровски списокот“ Тошковски вели дека истрага имало и ќе има, како и дека треба да има истраги кои се надева дека ќе си ја утврдат вистинската фактичка состојба.

-Во однос на Сваровски списокот како што го кажа вицепремиерот Битиќи јас сум сигурен дека човекот беше малку во заблуда кога зборуваше. Народот многу добро гледа како треба да се работи, а како не требало да се работи претходно. И ќе си ја даде својата оценка на 8 мај за тоа од аспект на политичката одговорност што сите овие експерти од областа од позиција на функција многу лесно именуваат и употребуваат такви термини во насока на политичко манипулирање и во насока на растурање на пердуви, рече Тошковски.

Соработката со дополнителниот заменик-министер Митко Бојмацалиев, Тошковски ја оценува како коректна, за разлика од, како што вели незаконитоста во работењето на Владата.

-Нормално е да имаме несогласувања за одредени теми од аспект дали јас имам право сам да потпишувам или тој смета дека немам право да потпишувам – тоа е најнормално, но имаме коректна соработка и се надевам дека истата ќе продолжи така. За разлика од коректната соработка со дополнителниот и заменикот, морам да изразам огромна загриженост за незаконитоста во работењето на Владата заради тоа што Владата е таа која што треба да пресече и сите одлуки коишто ги носи ги носи незаконски, посочува Тошковски.

Прочитајте и:  Од 15 ноември задолжително поседување зимска опрема во возилата

Техничката влада, според Тошковски, функционира катастрофално, укажувајќи дека основните законски обврски кои што треба да ги почитува, не ги почитува.

– Тотално без никакво правно и суштинско образложение, особено во делот на авторитарното право кое што Владата го смета дека и го дал Господ, ама не и законот да ми ги даде само ограничен од началниците на СВР коишто апсолутно имам право да ги барам по закон и притоа само за СВР Тетово да не ми дозволи да поставам јас дополнителен началник којшто ќе биде по мој избор, а дополнителниот да постави дополнителен началник којшто ќе биде по него избор. Тоа е прв факт кај што направиле катастрофален фаул и за којшто детално ги информирам сите претставници на меѓународна заедница и истите морам да кажам дека изразуваат огромна загриженост на демократскиот капацитет на оваа држава во делот на спроведување на фер и демократски избори, изјави Тошковски.

Најголем проблем, подвлекува тој, е тоа што преземаа обврска формално правно да образложат зошто го направиле тоа, а веќе месец дена нема образложение зошто.

– Не име и презиме, туку позиција началник на СВР Тетово не ми е дадена мене, а позиција дополнителен началник на СВР Тетово не му е дадена на дополнителниот заменик министер – не ми е јасно како одлука е донесена од страна на Владата и зошто до ден денеска немаме правно образложение, вели Тошковски.

Тошковски очекува мирен изборен ден како што доликува на една европска земја и верува дека сите ќе дадеме максимум и оти овој процес на фер и демократски избори на денот на гласањето ќе се истера како што треба.

-Јас се надевам многу мирен, културен и како што доликува на една европска земја и се’ ќе сторам не само сам, не само сам, јас таму не сум авторитарен владетел во Министерството, таму има дополнителен технички министер, таму има заменик министер и многу битно има директор на Бирото за јавна безбедност којшто на тој Оперативен штаб којшто треба да се создаде во текот на оваа недела е носителот на златна команда. Сакам да верувам дека сите овие луѓе заедно со мене ќе дадеме максимум и дека овој процес на фер и демократски избори на дента на гласањето ќе се истера како што треба, како во прв круг претседателски, така и во втор круг претседателски заедно со парламентарните, вели Тошковски.

На средбите со амбасадорите, Тошковски посочува дека, освен за пасошите, е истакнат и фактот дека Владата, како што вели, работи незаконски.

Во однос на секојдневното гостување на телевизии, Тошковски вели дека не му годи публицитетот, но и дека должност е јавноста да биде информирана.

- Реклама -