Во случај на природна катастрофа, има некои места на кои никој не би сакал да се најде, па токму затоа Toshiba решила да го создаде овој робот.
На пример, по цунамито во Јапонија Фукушима е преплавена со радијација кои се сигурна смрт за луѓето кои работат на чистењето, но со овој четвороножен робот на Toshiba никој нема да мора да го загрозува сопствениот живот.
Новиот четвороножен робот, дизајниран специфично за Фукушима, е наменет за изведување на задачи кои се премногу опасни за луѓето. Роботот е екстремно бавен (околу 800 километри на час), но тоа е бидејќи носи секаква опрема што би била потребна во случај на катастрофа.
Роботот е контролиран далечински и работи на батерија која работи до два часа, собирајќи податоци за нивото на контаминација и може да минува преку мали пречки. И иако е бавен, тешко е да се критикува робот кој еден ден би можел да спасува луѓе. [Toshiba quadruped walking robot for nuclear disaster relief operations]