Тортурата на домашната задача

ap_126689616713[1]

„Нема докази дека било каков обем на домашна задача ги подобрува резултатите на учениците во основно училиште“.

Ова е изјавата на педагогот Харис Купер од Универзитетот Дјук, која многумина ја примија со изненадување.

Можно ли е да е точно дека изгубеното време за игра, родителско-детските борби за превласт (у мое време и шамарчиња) и солзите се залудни? Можно ли е милиони семејства да минуваат низ тортурите на еден вечерен ритуал кој воопшто не помага?

Домашна работа е генерално прифатливо пракса, така што повеќето возрасни не ја ни доведуваат во прашање нејзината вредност, особено не оние возрасни кои се на позиција да решаваат дали да има домашната работа или не, очигледно. Кога ќе се погледнат фактите, сепак, еве што станува јасно: од домашните има корист, но зависи од возраста.

Што се однесува до децата во почетна училишна возраст, истражувањата покажуваат дека учењето на час дава добри резултати, а дополнителната работа за дома е едноставно… дополнителна работа за дома. Дури и во средно училиште врската помеѓу домашните и успехот во училиште е во најдобар случај – минимална.

Кога учениците достигнуваат средна возраст, домашните даваат добри резултати, но само кога се во умерена количина. Два часа навечер треба да е горната граница. Со секој обем поголем од наведениот, придобивките се намалуваат.

„Истражувањето е недвосмислено“ – согласна е Ета Краловец, професор по педагогија на Универзитетот на Аризона. „Во основно училиште нема корист“.

domashnaПред да продолжиме, да ги разјасниме сомнежите дека горните тврдења се должат на неколку „лабаво“ спроведени студии. Се работи за токму спротивното. Купер ги комбинира податоците од 120 студии спроведени во 1989 година и уште 60 – во 2006 година. Оваа детална анализа на голем број истражувања открива дека не постојат докази за едукативни придобивки од домашните задачи на ниво на основно училиште. Што се однесува до влијанието – да имаат, и тоа негативно, пред сé врз односот на децата кон училиштето.

Тука е проблемот. Домашната задача навистина влијае лошо врз малите ученици. Едно дете кое едвај започнува училиште, заслужува да има шанса да развие љубов кон учењето. Наместо тоа, домашните задачи од рана возраст кај многу деца предизвикуваат да го замразат училиштето, пишувањето и академското учење. Се работи за долга „тортура“ – најмалку 13 години пишување домашни задачи.

Потоа доаѓа и штетата во личните односи. Во секој просечен дом низ целиот свет, семејствата се расправаат околу домашните задачи, и тоа секоја вечер. Родителите наредуваат, молат и преколнуваат, преоптоварените деца протестираат и плачат. Наместо блискост и взаемна поддршка, на крајот на денот, премногу семејства остануваат заглавени во циклусот „напиша ли домашно?“.

Има и друг момент. Кога домашните се даваат предвреме, за децата е тешко да се справат со задачите самостојно. Потребна им е помош од возрасните, за да можат да се сетат на сите задачи и да дознаат како точно да ги исполнат. Истовремено, децата паѓаат во стапицата на навиката да се потпираат на возрасните за помош во било што, а во многу случаи тоа резултира директно со тоа што самите родители им ги пишуваат домашните на своите деца. Или тоа, или ќе треба да глумат патролен полицаец. А патролните полицајци и тоа како ја поткопуваат основната наводна цел на домашната работа – одговорноста.

- Реклама -