Широки, волуменски, меки џемпери …
Иако некои девојки ги избгегнуваат поради тоа што сметаат дека џемперите создаваат погрешна перцепција за линијата, кога почнува зимата – тие се задолжителен избор ако сакате да ви биде пријатно на минус.
Сезонава се актуелни светлите бои, но и класичните модели во црна, сива и бела боја. Во продолжение инспирираме со неколку предлози што ги комбинираат модерното, стилското, практичното и неопходното.