Топ нови видови откриени во 2009

Повеќе...Чудни ѕверови – вклучувајќи и џиновски стаорец, црв без дробови и пајак вегетеријанец доминираат во листата на најполуларни новооткриени видови составена од National Geographic.

Чудни ѕверови – вклучувајќи и џиновски стаорец, црв без дробови и пајак вегетеријанец доминираат во листата на најполуларни новооткриени видови составена од National Geographic.

Нова медуза, која „свети како виножито“
viznozito_copy
Оваа медуза беше фатена од експертот за медузи Lisa Gershwin во близина на островот Тасманија. Медузата не ја емитира својата светлина, туку таа светлина се рефлектира од малите таканаречени „проекторчиња“. Медузата е долга 13см, но и доста нежен вид – само мал допир со рибарска мрежа може да предизвика крај на нејзиниот живот. Новиот вид припаѓа на групата Ctenophora – чудна и доста непозната група на животни.

5 нови видови на морски коњчиња
seahorse-pictures_big

Овие 5 нови видови, кои се ставени во групата Walea Pygmy, се откриени во коралните гребени на Црвеното море и Индонезија. Сите 5 се помали од 2.5см и се едни од најтенките ‘рбетници. Овие морски кончиња се првите откриени по пет години. Името Walea е дадено според остров во Индонезија.
Danionella dracula
090311-dracula-fish-photo_big
Иако можеби не сака да ви ја исцица крвта, оваа риба-мажјак изгледа доста морничаво, па оттаму и името Danionella dracula. Откриена е во март во Бурма. Израстоците на устата не и се вистински заби. Се смета дека овој вид ги изгубил забите пред 50 милиони години. Истражувачите мислат дека израстоците служат за борба со други риби.
Најголемиот пајак кој плете мрежи
091021-largest-web-spinning-spider_big
Женката на овој вид има распон на нозе до 12см, додека пак мажјакот одвај 2.5см. Припаѓаат во групата на пајаци кои можат да исплетат мрежа до 1 метар широка. Овој пајак е многу редок и го има во мал број во Јужна Африка и Мадагаскар. Мажјаците живеат само 1 година и кога треба да се парат тие „го оставаат својот полов орган“ внатре во женката, при што стануваат стерилини и тогаш заминуваат се до својата смрт.

Џиновски стаорец

090909-01-giant-woolly-rat_big
Иако изгледа како оние од канализацијата, всушност е пронајден во шумите на Папуа Нова Гвинеја, од страна на биолозите Kristofer Helgen и Muse Opiang. Животното е долго 0.9 метри и воопшто не е плашливо.

Пајак вегетеријанец

091012-vegetarian-spider_big
Ново откритие кое дава нов правец околу исхраната кај пајаците. Овој пајак е едниствен пајак вегетеријанец од 40.000 видови на пајаци. Пајакот бил надгледуван во тропските краишта на Мексико и Коста Рика, каде што научниците забележале дека тој се храни со растенија.

Чудна нова ајкула пронајдена: мажјакот има полов орган на главата

Прочитајте и:  Ботаничко дуо | Софка и Дани

090922-ghost-shark-new-species-picture_big
Оваа чудна ајкула била забележана во водите на Источен Пацифик, каде што по деталното мерење веднаш била именувана како нов вид на ајкула. Се претпоставува дека таа постои веќе 400 милиони години и дека живее во најголемите длабочини. Таа е можеби дел од најстарата група на риби денес. На мажјаците половиот орган им се наоѓа на главата и се мисли дека со тоа ја привлекува женката. Оваа риба покажува само колку се комплексни длабочините на океаните и дека никогаш не се знае што ќе се пронајде во нив.

Џиновски црв без бели дробови
091118-lungs-amphibian-worm-caecilian_big
Нов амфибиски вид може да преживее на земја без ноздри, бели дробови, или нозе – велат истражувачите кои го откриле бизарниот ѕвер. Суштеството, пронајдено во Гуана, е од групата на амфибии позната како caecilians. Само уште еден припадник на таа група може да живее без бели дробови – саламандерот. Воглавно, дробовите се тие кои ги разликуваат амфибиите од рибите. Црвот, наречен Caecilita, е 11cm долг, а 70cm широк. На прашањето зашто постојат животни без дробови, Marvalee Wake, биологист од Калифорнија, вели: „Нема вистински одговор. Можеби за да го зголемат дијаметарот на своето тело и да поткопуваат подобро…но искрено, тие можеби ги изгубиле едноставно затоа што не им требаат повеќе.“ Додека ги проучуваат амфибиите, научниците мислат дека ќе пронајдат уште многу без бели дробови.

Видена „изумрена“ птица, па изедена?

090218-extinct-bird-photo_big
Ретка потполошка од Филипините беше фотографирана за прв пат, пред да биде продадена како храна. Оваа птица им беше позната на научниците само од ретки музејски примероци стари неколку декади. Телевизиска екипа документирала за птицата во маркетот, пред да биде продадена. Michael Lu, претседател на Клубот за диви птици на Филипините, порачува дека ова треба да ја зголеми свеста на локалното население околу тамошниот редок див свет. „Што ако оваа беше последна од својот вид?“, Lu прашува. Но, според научниците, овие птици можно е да преживеале и во други региони.

Подетални информации околу овие видови тука

- Реклама -