Топ 5 најскапи и најпрестижни брендови на машки чевли

Кожата како материјал е стара колку и човекот. Се смета дека Асирците биле првите што почнале да ја користат за обувки. Денес, чевлите од чиста кожа се меѓу најскапите парчиња машка облека.

Ова се топ 5-те најпрестижни и најскапи брендови:

 

Edward Green е англиски произведувач на чевли, основан во 1890-тата, во Нортхамптон. За време на 1930-тите, Edward Green бил еден од најголемите произведувачи на чизми за британската армија. Денес, брендот е синоним за класа, стил и елеганција, а пар чевли чинат и до 1.075 долари. За производството на еден пар е потребно многу труд и комплексен процес на изработка, па се произведуваат само 250 пара неделно.edwardgreen

 

The Tanino Crisci е уште еден импресивен и посакуван машки бренд. Еден е од најголемите светски производители на чевли, но и еден од најскапите. The Lilian Style важи за најдобриот пар чевли на сите времиња, ама затоа чини 1.250 долари.tanino

 

John Lobb Bootmaker е компанија што исто така произведува луксузни машки чевли, но и женски, а и друга кожна облека и акцесори (каиши, паричници). Компанијата е во бизнисот веќе 150 години, со тоа што познатиот француски бренд Hermes го преземал името во 1976-тата. Пар чевли можат да ве чинат и до 1.280 долари.johnlobb

 

Testoni Norvegese е италијански бренд што е познат по своите кожни производи, и важи за еден од најквалитетните производители. Нивните чевли се само за оние мажи со префинет вкус, и со 1.500 долари во џебот.norvegese

 

Tony Lama Boots чизмите се направени од 100 дијаманти и 4.4 унци 14-каратно злато. Компанијата остварува приходи од околу 65 милиони долари.Брендот е познат по удобноста и квалитетот на своите производи, особено меѓу западниот свет. Основачот, Тони Лама, бил роден во семејство на италијански имигранти, а по неговата смрт во 1974-тата, оваа успешна американска приказна останува во рацете на неговите синови и ќерки. Од 1990-та, компанијата е дел од Justin Boot групацијата.46220_mens-cowboy-boots-boot-daddy-tony-lama-o3614-antique-saddle-smooth-ostrich-1

- Реклама -